Граѓани на социјалните мрежи со доза на хумор реагираат на „последиците“ што произлегуваат од стапување во сила на „пртеспанскиот договор“ според кој од утре не важат патните исправи без „северна“, сообраќајните дозволи, сообраќајните таблички на возилата, без кои не може да се патува внатре во земјата.
Но, поставуваат логично прашање дали ќе има и други „барања“ кои засега не се споменувааат.
„Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува “Северна Македонија” нема да важат од полноќ на 12-2-2024! 😂
Ако не фатат без возачка од Северна, дали ќе може казната да ја платиме со пари на кои пишува Република Македонија? е едно од прашањата на социјалните мрежи, пренесува МКД.Мк
„Овие пари важат од утре за плаќање или за палење ќумбе да ги користиме“?
„Сите кредити заверени на нотар на кои не им пишува Северна Македонија, од вторник нема да важат“.
„Последна информација, после пасошите, личните карти и возачките дозволи и изводите за склучен брак на кои не пишува Република Северна Македонија од 12.02.2024 во 24:00 нема да важат, па према тоа сметајте дека државата ве развела“.
„А ако ме фатат на Водно при љубовен чин во возило, а јас имам стара возачка, каква казна ќе ми пишат“? – реагираат граѓани…






