Сите бегаат од СДСМ, и Пендаровски се откажа од Бихаќка (ВИДЕО)

Лошиот рејтинг на СДСМ и фактот што на последната анкета на Маркет Вижн оваа партија е дури трета најголема во земјава по ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што е најлош пласман на Бихачка во историјата, предизвикува многумина да се откажуваат од врските со неа.



По многуте децениски членови кои се откажуваат од Ковачевски и неговиот тим, како на пример Максим Димитриевски кој формира нова партија и рече никогаш повеќе со оваа СДСМ, од Бихаќка се огради и претседателот Стево Пендаровски.

Тој во интервју за Вин Вин на Телма му забележа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ветувал апсење по изборите а кога беше потсетен дека и неговата партија пред изборите ветувала апсење со фразата ,,Ќе си лежите” Пендаровски рече дека ако Трајковска мисли на СДСМ тој нема партија и дека бил поддржан од 31 партија.

Фактите велат дека на последните избори Пендаровски беше кандидат на СДСМ кој беше поддржан и од ДУИ и нивните коалиции.

Изјавата со која Пендаровски практично се откажува од СДСМ е по 40 минута од видеото на Вино Вин на Телма.