Сисак: Уапсен напаѓачот кој со „калашников“ застрела жена и рани 4 соседи

45-годишна жена била убиена, додека четири лица се ранети синоќа кога напаѓач со вооружен со „калашников“ пукал во случајни минувачи на улица во хрватскиот град Сиосак.



По крвавиот пир, напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен.

На повредените, лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени.

Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале.

Во потрага по напаѓачот, биле ставени сите расположливи полициски сили, јавуваат хрватските медиуми.

„Вечерњи лист“ објави, повикувајќи се на очевидци, дека маж со калашников пукал на улица и запалил две куќи. Пожарникарите гаснеле пожари поврзани со инцидентот на три згради.

Според хрватските медиуми станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот.