СИРИЗА се спротивстави на бомбардирањето на Сирија

Грчката владејачка партија, на лидерот и актуелен премиер Алексис Ципрас, денеска изрази противење на ракетните напади врз Сирија, за кои се вели дека претставуваат опасност за околниот регион.



„Само Обединетите нации се надлежни да спроведат истрага и да ги идентификуваат оние кои се одговорни пред меѓународна правда за можното користење на хемиското оружје, кое е злосторство против човештвото“, се вели во соопштението напартијата СИРИЗА.

„Војната не е решение за трагедијата на сирискиот народ, туку ќе создаде повеќе проблеми. Дипломатски и мировни иницијативи и активна улога за меѓународните организации е единствениот начин. Неопходно е да се мобилизираат луѓето од Европа и ново мировно движење кое ќе спречи војна на Блискиот Исток “ се вели во соопштението како што пренесува АНА-МПА.