СИРИЗА го критикува Мицотакис дека доцни промената на учебниците


Јоргос Катругалос, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА, ја критикува владата на Кирјакос Мицотакис дека доцни работата на комисиите за трговските ознаки и за учебниците, согласно Преспанскиот договор



„Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси.

И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците“,вели Катругалос, jави дописничката на МИА од Атина.