Сириски бегалци во Турција планираат да формира караван за да стигне до Европската унија, објавија организаторите.



Плановите се изготвуваат онлајн преку „Телеграм“ што го следат речиси 70.000 луѓе. Организаторите ги повикуваат луѓето да носат вреќи за спиење, шатори, елеци за спасување, вода, конзервирана храна и комплети за прва помош, пренесува Ал Арабија

„Ќе објавиме кога ќе дојде време за одење“, изјави еден од организаторите за AFP, додавајќи дека некои од организаторите веќе живеат во ЕУ.

Организаторите велат дека караванот ќе биде поделен на групи до 50 луѓе, секоја предводена од водач.

„Во Турција сме 10 години“, гласи една порака на каналот. „Заштитени сме… но западните земји мора да го поделат товарот“.

Турција официјално е дом на 3,7 милиони сириски бегалци.