Мајка и нејзиното новороденче се опоравуваат откако двапати за една седмица биле спасувани од урнатините во нивниот дом погоден од земјотресот во Сирија.
Дима била бремена во седмиот месец кога дел од нејзината куќа во Џиндарис се урна поради земјотресот минатиот понеделник, ишува Би-Би-Си.
Таа претрпе полесни повреди и подоцна го роди момчето Аднан во болницата во Африн поддржана од сириско-американското медицинско друштво.
Тие се вратиле во својот дом, но три дена подоцна коќата целосно да се урнала.
Новороденото бебе Аднан било вратено во болницата во критична состојба бидејќи страдало од тешка дехидрација и жолтица, додека Дима била од сериозни повреди здобиени за време на земјотресот.
Дима повторно била отпуштена од болница и сега живее во шатор со сопругот Абдул Маџид и нивните девет внуци и внуки. Секој ден таа патува во Африн за да го посети Аднан во болницата.







