Данило Вучиќ, син на српскиот претседател Александар Вучиќ, е позитивен на коронавирус, објави неговиот татко на Инстаграм.
„Кога сè почна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника.
Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаат“, напиша шефот на српската држава.






