Александар Сорос, син на првиот човек на фондациите „Отворено општество“ низ светот Џорџ Сорос, сподели на социјалните мрежи дека на маргините на безбедносната конференција во Минхен се сретнал со премиерот Димитар Ковачевски.
„Одлично е да се сретнеш со новиот премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и да слушнеш за неговите планови да ја зајакне и да ја направи оваа мултиетничка демократија попросперитетна!“, објави Сорос помладиот на Твитер.






