Дмитри Низовцев, шеф на популарен Јутјуб канал, основан од симпатизерите на најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални, му се јавил на Николај Песков, синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и претставувајки се дека е воен комесар го повикал да се мобилизира.
Тој му рекол на Николај Песков дека му била испратена покана утре наутро да се јави во надлежната канцеларија за мобилизација, но младиот Песков одбил.
„Морате да разберете, ако знаете дека јас сум господин Песков, колку е погрешно да отидам таму. Накратко, ќе го решам тоа на друго ниво“, рече Николај Песков.
Тој, исто така, одби да даде согласност да се пријави како волонтер.
„Морам да разберам за што се работи и кои се моите права. Утре да ме одведат, верувајте, тоа не ми треба ниту мене, ниту вас…
Синот на портпаролот на Путин му рекол на водителот, кој ја играл улогата на воен комесар и снимал се, дека не сака да биде наведен како волонтер во официјалните документи:
„Ќе направам што ќе ми кажат. Ако Владимир Владимирович (Путин) каже дека морам да одам таму, ќе одам. Јас не сум обичен војник“, рече синот на Димитри Песков.
Сепак, невозможно е да се потврди дали зафатениот руски Јутјубер навистина разговарал со синот на портпаролот на Кремљ или тоа било само „шоу“.







