Синот на „Мира дизел“ дава отказ од ЕЛЕМ

Виктор Стојчевски, синот на пратеничката Мира Стојчевска, на својот профил на Фејсбук објави дека од вторник ќе поднесе оставка на своето работно место во АД ЕЛЕМ од, како што вели тој, морални причини,пренесува Фокус.



„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера“.

Случајот на синот на пратеничката, на нејзиниот брат и сопруг беа предмет на разгледување на Антикорупциска комисија.