Синот на медиумски бранител на СДСМ добил фантастични 715 илјади евра за снимање филм

Синот на еден од главните медиумски бранители на СДСМ Зоран Иванов добил фантастични 715 илјади евра за снимање филм од Агенцијата за филм под контрола на СДСМ.



Во објавата на Агенцијата за филмовите кои ќе ги финансира за 2022 во втор рок на одлучување стои дека филмот „Белиот“ на Игор Иванов-Изи, добил 44 милиони денари или над 715.400 евра.

Игор Иванов Изи освен што е син на Зоран Иванов кој речиси секојдневно се појавува на интервју каде ја брани владата, е актуелен претседател на Друштвото на филмските работници (ДФРМ).

Тој за својот четврти долгометражен игран филм доби повеќе пари од новиот проект на Милчо Манчевски „Биста“, поддржан со 28 милиони денари или над 455.200 евра.

Филмот на Иванов е по негово и сценарио на Билјана Црвенковска, а во продукција на „Лист“.

Таткото на Изи Иванов работи за порталот Цивил Медиа на Џабир Дерала кој исто така важи за еден од најголемите бранители на владата на СДСМ и ДУИ

Со по 24 милиони денари или над 390.200 евра поддржани се и „Скејтбордингот не е за девојчиња“, втор филм на Дина Дума, по нејзино и сценарио на Лидија Мојсовска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“, за „Генералот и пеперутката“, четвртиот филм на на Антонио Митриќески, по сценарио на Венко Андоновски и во продукција на „Авард филм и видео“, како и „Ајал“ на Арбен Тачи во продукција на „Арбфилм“.

Со 22 милони денари или над 357,700 евра поддржан е дебитантскиот филм на Алекс Цветков „Голиот остров“ во продукција на „Кавал филм“.

Подржани се и четири долгометражни играни проекти со македонски малцински удел, два документарци и три документарни дебија, вкупно 9 кратки играни и еден анимиран филм.