Синот на Гадафи ќе се кандидира за претседател на Либија

Либискиот суд ја поништи одлуката на највисокото изборно тело во земјата, со која на синот на ликвидираниот либиски лидер Моамер Гадафи му беше забрането да учествува на претстојните претседателски избори.



Апелацискиот совет пресуди во корист на Саиф ал Ислам Гадафи.

Тој беше осуден на смрт од судот во Триполи во 2015 година за употреба на насилство врз демонстрантите кои бараа оставка од неговиот татко, но ривалските власти во Либија се сомневаа во таа одлука.

Тој е баран и од Меѓународниот кривичен суд под обвинение за злосторства против човештвото во врска со бунтот.

Претседателските избори во Либија се закажани за 24 декември, по неколкугодишни обиди предводени од Обединетите нации да се воспостави демократија и да се стави крај на војната, во услови на повремени судири меѓу вооружените групи, длабок јаз меѓу истокот и западот и присуството на илјадници странци, борци и војници .