Синот на професорот Љубомир Фрчкоски е еден од директорите на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор што го одобрил тендерот со кој семејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски, која додека тој се соочува со долгодишна затворска казна, доби огромен тендер од владата.
Јон Фрчкоски е првопотпишаниот на документот од тие што даваат одобрување, со кој фирмата Атриум од Вевчани добила бизнис за кој сонуваат најголем дел од македонските компании.
Семејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски обвинет за тероризам за 27 април и еден од осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени од државата пред десетина дена доби тендер вреден над 680 илјади евра.
Потписник на договорот кој вреди над 680 илјади евра во име на фирмата Атриум од Вевчани е Бобан Мукоски.
За овие пари фирмата на Мукоски ќе треба да врши тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје.
Според тендерот фирмата на Мукоски треба да врши градежни, градежно-занатски, занатски, инсталатерски и други услуги за тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор и други објекти со кои стопанисува Акционерското друштво и обврски во гарантен рок, согласно описот на позициите дадени во тендерската документација за Подружница Скопје, Подружница Битола, Подружница Велес, Подружница Куманово, Подружница Кавадарци, Подружница Кочани, Подружница Штип, Подружница Тетово, Подружница Кичево, Подружница Охрид, Подружница Струмица, Подружница Прилеп, подредени по листи.
Крсто Мукоски е човекот што прво ја пееше македонската химна и ги отвори вратите на Собранието на 27 април 2017 горина а на 19 октомври годинава беше пуштен од притвор за да може да гласа за промена на уставот и уставното име.
Мукоски подоцна беше дел од преговорите што групата од 8 пратеници со премиерот Заев ги водеше за содржината на уставните амандмани и амнестијата.
Доколку нема нов устав и амнестија Мукоски може да одлежи најмалку 10 годишна казна затвор.
Јон Фрчкоски е син на екс министерот за внатрешни и надворешни работи во првите две влади на СДСМ и на човекот кој во 2009 година загуби во трката за претседател на Македонија.
Јон е член на СДСМ а беше активист на Шарената Револуција по што стана помошник генерален директор за правни работи во Јавното претпријатие.





