Синот на Есма осомничен за кражбата во нејзиниот Музеј

С. А. еден од 47-те посвоените синови на Есма Реџепова, бил приведен поради сомневање дека го ограбил нејзиниот музеј на скопската тврдина Кале, пишува Ireporter.



На 30 март годинава беше пријавено дека од 12 декември 2016 до 30 март 2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во Спомен куќата на Есма Реџепова.

„Полицијата дошла до сознание дека синот на Есма имал клуч од Музејот и дека со неговата љубовница … ги изнел сите уникатни предмети во вредност од неколку десетици илјади евра…“ пишува  Ireporter.

Порталот потсетува дека и една година по смртта на кралицата на ромската песна, никој не го посетува нејзиниот гроб кој е целосно запуштен.