Фердинанд Маркос Јуниор, го отвори патот за враќање на омразената политичка династија во земјата откако победи на претседателските избори во Филипини, пишува Ројтерс.
Маркос, попознат како Бонгбонг, го победи ривалот Лени Робредо и стана првиот кандидат во поновата историја кој освоил апсолутно мнозинство на претседателските избори на Филипините, означувајќи го неверојатното враќање на синот и имењак на соборениот диктатор Фердинанд и неговата сопруга Имелда Маркос.
Маркос јуниор побегнал на Хаваи во егзил со своето семејство за време на народното востание во 1986 година, со кое завршило 20-годишното автократско владеење на неговиот татко, и служел во Конгресот и Сенатот откако се вратил на Филипините во 1991 година.
Неофицијалната победа на Маркос на изборите во понеделник сега изгледа сигурна, со преброени 98 отсто од гласачките ливчиња, иако неофицијално, и со 31 милион гласови – двојно повеќе од ривалот Робредо.
Илјадници противници на Маркос Постариот беа прогонувани за време на бруталната ера и воената состојба од 1972-1981 година, а семејството стана синоним за грабеж, богато живеење, а беше обвинет и за кражба на милијарди долари од државната каса.
За големата победа за Маркос придонесе и сојузот со ќерката на актуелниот претседател, Родриго Дутерте, Сара Дутерте-Карпио, која се бори со него за потпретседател на земјата.







