Синот на Амди Бајрам, Габриел, демантира дека предизвикал сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, како што пренесоа медиуми, и дека потоа физички се пресметувал.
„Изјавувам дека јас не сум го управувал возилото кое било вклучено во сообраќајната незгода, а исто така не сум нападнал физички „некого од присутните“.
За волја на вистината, јас сум оштетениот и бев нападнат од страна на еден од учесниците во сообраќајната незгода“, вели Бајрам.





