Синот на Амди Бајрам во телефонски разговор за „Фокус“ рече дека неговиот татко пред 3 дена направил тест и истиот бил негативен, а од болницата на Жан Митрев им рекле дека Бајрам починал од мозочен удар, а не од коронавирус..



Неговиот син на Фејсбук повика сите кои ќе дојдат да му оддадат почит да ги почитуваат мерките и препораките.

„Пријатели поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ке тргне  во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел.

Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветма социјална дистанца и задолжително да носат маски. Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.

Ви благодарам за разбирањето“, сподели Габриел Бајрам.

Амди Бајрам почина вчера во клиниката Филип Втори а посмртниот тест покажал дека тој бил позитивен на Кови9-19.