Синоќа убиен 59-годишен кавадарчанец

Во групна тепачка што се случила синоќа половина час пред полноќ во Брушанско маало во Кавадарци бил убиен 59 годишниот З.П.



МВР информира дека Х.С. (45) , исто така од Кавадарци, во физичка пресмета помеѓу повеќе лица, во којашто биле употребени остри и тврди предмети му нанел убодна рана на З.П. кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Неколку часа по убиството, околу 4.30 часот, полицијата го привела осомничениот. Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци.