Во полисоцвска акција синоќа пред влезот во струшкото село Велешта каде, биле уапсени Ербен и Бесник Бојку, синови на Дилавер Бојку, кој беше ликивидиран во 2017 година.
Неофицијално се дознава дека Ербен Бојку бил баран по неколку внатрешни и една меѓународна потерница по наредба на Основниот суд во Струга за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела. Тој е осуден на затворска казна од 21 година. Неговиот брат Бесник Бојки нил приведен за поседување на оружје.
Нивниот татко, Дилавер Бојку беше убиен со куршум во глава пред негова кафеана во Струга, а беше во затвор поради нелегална проституција во селото Велешта, Струшко.






