ССМ на средба со владини претставници денеска ќе го повтори барањето веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите останати плати во државата.
ССМ ги повика пратениците да ги изгласаат измените на Законот што ССМ ги поднесе до Собранието со кои ќе се реализира зголемувањето на минималната плата.
ССМ деновиве извести дека го формирала главниот штрајкувачки одбор, наведувајќи дека од исходот на денешната средба во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.
„Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите, информира ССМ.







