Сојузот на синдикатите на Македонијане е поканет на седницата на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, за Законското решение со кое недела ќе стане неработен ден.
„На пратениците им укажуваме дека зголемувањето на додатокот на плата за работа во недела, според ССМ , треба да изнесува најмалку 100 проценти за секој час поминат на работа во недела.
ССМ уште еднаш укажува дека останува на ставот дека заради спречување на злоупотреби потребно е денот на неделен одмор за исклучоците од став 3 од Предлог Законот за работните односи, да биде денот што му претходи, односно му следи на денот недела односно или саботата пред недела или понеделникот.
Напоменуваме дека дури и пренесувањето на правото за само еден ден во наредната недела може да значи губење на правото на неделен одмор кој треба да се искористи во 7 дена од неделата“ се вели во соопштението од ССМ од каде препорачуваат „дека казните треба да бидат сериозни за да се делува превентивно и се спречи прекршување на законот“







