Синдикатите најавуваат штрајкови ако не се зголемат платите

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија побара итни мерки од државата за спречување на економската криза.



Од кризата најмногу страдаат работниците затоа што производите се неколкукратно повисоки, а земаат исти плати, кои најчесто се прениски, вели првиот човек на Конфедерацијата, Марјан Ристески,

Штрајковите и протести сер најавени во септември. Претставниците на многу синдикати едногласно рекоа дека не се откажуваат од првичното барање за зголемување на платата за 18,4% по растот на минималната.

Покрај најавата за кризна зима, постои и ризик од недостиг на работна сила бидејќи, според синдикалците, решенијата за работа веќе не ги привлекуваат младите кои преферираат да се иселат.

Итниот повик на синдикалците е Владата да го свика социјално-економскиот совет и заедно со синдикатите и здруженијата да го конкретизираат договорот за линеарно зголемување на платите за 2.800 денари.

Во септември истекува рокот што владата го побара за нивелирање на платите според договорот со синдикалците, кои пак се скептични, па најавуваат протести и штрајкови.