Синдикатите гневни за покачувањето на функционерските плати

Срамно, дрско и безобразно за една држава која има долг од неколку милијарди евра и уште се задолжува, за тие да имаат покачување од 400 евра. Ова го кажа денеска Гоце Делчев Тодев, главен координарот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).



Претставниците на конфедерацијата денеска со остар тон реагираа на вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски за покачување на платите на функционерите заедно со предвиденото покачување на минималната плата во март.

Главниот координатор на КСОМ на денешната прес-конференција за покачувањето на платите на функционерите, која како што вели, е една плата на административен работник, односно околу 400 евра, рече дека е срамно, дрско и безобразно.

Како реакција на ова, за поголема иронизација на ситуацијата, тој рече дека ќе се отвори фонд за донации каде што членовите од синдикатите ќе донираат за да има повисок додаток во платите на функционерите во случај, како што рече, ако и ова покачување не им е доволно и додаде дека не е исклучена ниту можноста за протести.