Доколку во најкус можен рок не се финализираат преговорите за колективниот договор и истиот не биде потпишан со обврска за негово целосно спроведување од 1 јануари, следната година, Синдикатот на културата најавува штрајк од 16 декември.
Причината за активирање на штрајкот е заради, како што велат, ненадејното и неоправдано прекинување на работата на работната група за изготвување на предлог колективен договор.
Од Синдикатот потсетуваат дека вработените во културата не бараат покачување, туку уредување на платите и правична валоризција на трудот по основ на Колективен договор кој Министерството, а со тоа и државата, како што велат од СКРМ, им го должи цели 15 години.





