Јавниот сектор врие од корупција, а здравството, судството и полицијата се најкорумпирани, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Проблемот не е во вработените, туку во политичарите, односно избраните и именувани функционери, кои носат закони, но не ги спроведуваат. Според Благоја Ралповски, одговорност наместо кај административците, треба да се бара од избраните и именуваните лица. Истражувањата на КСС покажале дека постои корупција без исклучок во целиот јавен сектор, а решението треба да се бара во неговата дигитализација и спроведувањето на законите, наместо постојано носење на нови.
- За да се сузбие така корупција треба да се направи дигитализација, таа дигитализација ќе овозможи мерит систем затоа што системот ќе кажува кој работи кој не работи, а за тоа да се случи треба да има политичка волја, треба да почнат да се спроведуваат законите и треба да се направи еден мораториум во јавниот сектор каде ќе се преброиме кој што треба да работи и каде треба да работи, вели Благоја Ралпковски – претседател на КСС.

Решението за сузбивање на корупцијата и непотизмот во јавните институции синдикатот го гледа во дигитализација на услигите кои ги добиваат граѓаните, воведување МЕРИТ систем, кој ќе покаже кој работи, а кој не. Се предлага и мораториум, односно стопитрање на сите вработувања во институциите, за да се пребројат каде фалат, а каде има вишок работници.
- Големата корупција е на врвот. Заради тоа имаме пониски плати, проблем на работното место, некои се и психички малтретирани, додава Благоја Ралповски, престедател на Конфедерација на слободни синдикати и додава дека само партсики послушници ќе бидат наградени.

Администарцијата не е функционална, бидејќи не владее правото. Со ова се праќа и негативна порака кон младите. Токму влијанието на корупцијата и непотизмот врз реформите, платите и капацитетите на јавниот сектор беа тема на денешната панел дискуција на КСС. Таму свое обраќање имаа и претседателите на синдикатите на здравствените установи и полицијата кои истакнаа дека клучен проблем со корупцијата и непотизмот во овие институции е политичкото влијание.





