Синани до Алијансата: Не лејте крокодилски солзи за Алтернатива – бидете без губитнички менталитет

„Засновувајќи се врз резултатите од изборните циклуси, на Алијансата на Албанците и е потребна реформа’ – истакна универзитетскиот професор и политички аналитичар Арсим Синани, коментирајќи ја оваа најголема опозициска партија во албанскиот политички блок во Македонија“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.



ИНА го пренесува коментарот на Синани: „Алијансата на Албанците треба да се ослободи од губитничкиот менталитет. Една нова генерација треба да дојде до израз таму. Кога некому му се мешаат во работата крокодилските солзи за партијата Алтернатива, тогаш на таквата структура и треба победничка екипа.“