Симпатизери на бугарскиот соработник на Хитлер слават во Македонија

Група на Фејсбук со име Цар Борис Трети објавува дека нејзини членови биле дел од прославата на денот на Бугарската армија во Макеоднија



,,Бугарско здружение Цар Борис lll денес присустваше на чествувањето на денот на Бугарската армија во Струмица, Република Македонија! 🇧🇬🇲🇰”, пишува на бугарски јазик во објавата која треба да даде впечаток дека се работи за Македонски граѓани.

На профилот на здружението во чест на фашистичкиот соработник има и фотографија од нивни членови кои се следбеници на Царот Борис, човекот виновен за депортација и смрт на над 7100 македонски Евреи од Македонија окупирана од фашистичка Бугарија.

Здружение со вакво име не е регистрирано во Македонија што на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му дава правна можност да реагира согласно законот.