Моја беше иницијатива во пописот да нема белези за етничка и верска припадност, со цел да се избегне политизација на процесот, но сепак се вметнати под притисок на јавноста и невладини организации, изјави директорот на ДЗс Апостол Симовски, пренесе МКД.Мк.



„Се крена многу врева во текот на носењето на Законот, бидејќи методолошките елементи не беа дадени во него. Со објавувањето на Методологијата мислам дека стана сѐ чисто и јасно и оти особено за овие категории население за кои најмногу се дигна врева, односно што е вкупно резидентно население, што е нерезидентно, кои лица влегуваат во едната кои во другата категорија, дека тоа се разјасни и оти сме апсолутно во согласност во милиметар со она што се меѓународни препораки на ОН и Евростат. Тука не отстапуваме и јавноста тоа конечно го разбра, го сфати, а дилемите се разјаснети”, рече директорот на дебата организирана од невладината Цивил.