аклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани вкупно 951.151 граѓанин, 297 089 домаќинства и 402 768 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).
Од дијаспората, пак, досега се попишани 193 370 лица.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, пред два дена рече дека е задоволен со динамиката со која се спроведува пописот и прогнозираше 1 милион попишани до вчерашниот ден.
Пописот кој започна на 5 септември ќе трае до крајот на овој месец.






