Симовски: Не се пет, само 4 попишувачи се заразени со Ковид-19

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека вкупно четворица инструктори за пописот на населението се заразени со Ковид-19.



„Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС“, изјави Симовски според кој ова не претставува пречка да се реализира попишувањето.

„ротоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето“, рече Симовски.