Онаму каде што имаме јавно бојкотирање имаме и изјави на попишувачите и таму следува процедура…Нашата работа е за тие лица што јавно искажале бојкот на пописот да поведеме постапка пред МВР, понатаму институциите си ја преземаат постапката, вели директорот на Државцниот забод за статистика Апостол Симевски,во интервју за МКД.мк.



Вели дека „дали некому резултатите му се бендисуваат или не, не знаеме, ниту пак одговараме за тоа. Наша обврска беше реална слика на состојбите“, вели Симовски.

За жалби од граѓани дека не им дошле попишувачи и дека останале непопишани, Симовски вели:

„Веројатно и по пет години ќе има поплаки дека нешто и некому не му било по ќеф и тоа се во принцип инсинуации. Тоа се луѓе што едноставно сакаат да направат проблем околу пописот. Жалби и поплаки ќе има, како што имало со претходните пописи, а веројатно и со наредните. Но наше беше да ги покриеме сите објекти каде што има услови за живеење и тој процес е завршен.

За тие луѓе ќе бидат преземени податоците од регистрите, објаснива директорот Симовски.

„Нема стан во државата што не е поминат и тоа повеќе пати онаму каде што не е најден никој и каде што не е оставено известување дека е поминат попишувачот и дека оставил телефонски број за контакт и да се договорат кога да дојде, кога се слободни и слично. Оние што немале намера да бидат попишани, не сакале, а сега пријавуваат дека не биле опфатени, ризикуваат да не бидат дел од пописот. Тоа е нивен ризик. Ние не можеме да направиме попис со сила иако е законска обврска, меѓутоа тие ќе си сносат последици.