Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за „Слободен печат“ вели дека очекува претседателот Пендаровски да го потпише указот за Законот за попис.
„Се надевам дека ќе помине целата процедура околу овој закон. Очекувам дека ќе биде потпишан указот, бидејќи не сметам дека правните експерти би наишле на недоследности во законското решение“,вели Симовски кој најави и санкции за оние кои ќе го попречуваат пописот.






