И директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски смета дека пописот на населението не може да се одржи во најавениот термин – идната пролет.
„Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец“, изјави денеска Симовски.
Симовски вели „кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон“.





