Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вели дека независно од тоа што оваа институција е подготвена да го реализира пописот, бојкот од еден дел од населението ќе оневозможи негово реализирање.
Можниот бојкот на пописот од македонската опозиција, го загрозува реализирањето на процесот кој треба да се случи во април следната година.
Симовски изјави дека без Закон за попис, од технички аспект, нема да имаат проблем да го реализираат пописот, но препорачливо е законот да биде донесен.
Се уште не се сретнале со претставници на политичките партии, па очекува тоа да се случи следната недела, откако ќе ги завршат консултациите со експертите.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Влатко Ѓорчев, не кажува јасен став дали ќе го бојкотираат пописот, но вели дека на земјава и треба попис со резидентното население, дознава Алсат





