Во синоќешното гостување на Телма директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, обзнани дека оној кој нема да учествува во пописот ќе одговара кривично, а за тоа е казна од 5 години затвор.
„Првиот обид да не се излезе во пресрет да се дадат податоци, а е обврска по закон, ќе биде санкциониран. Ќе биде санкциониран. Ние ќе поднесеме пријава, ние не сме казнена институција меѓутоа ќе поднесеме до обвинителството. Но, ќе поднесеме и на мотиваторот на таквото дејство“, нагласи Симовски, во емисијата „Вин вин“.
Според него, ако не се излезе во пресрет за време на пописот тука веќе се сноси и кривична одговорност, а казните во законот предвидуваат 5 години затвор.
Извор: Денешен






