„Партизацијата е плодна почва и стартна основа на организираниот криминал, што ја зголемува недовербата во вистинската и праведна политика.“ – вели режисерот, публицист и композитор Аљоша Симјановски во својата колумна со наслов „Партизацијата – извор на перфидни облици на корупција“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Симјановски пишува: „Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата бара веднаш да престане продажбата на државно земјиште. Според неа, најголем проблем во оваа насока е како се прават деталните урбанистички планови, бидејќи тие, како што нагласува, го отсликуваат јавниот интерес, што општината треба да го спроведе во својот дел.“
„Која е целта на државата да го испродаде цело државно земјиште, дали е тоа целта, и тоа по багателна цена? Ако државата треба да го обезбеди јавниот интерес на граѓаните, не може да го направи тоа преку приватно земјиште. Извор на корупција е и Законот за дивоградби, односно за давање правен статус на бесправно изградените, оти носењето на овој закон во најголем дел го чекаа и дочекаа некои крупни и среднокрупни бизнисмени, кои сакаа да си ги легализираат своите дивоградби…“
„Корупцијата е еден од најчестите облици на криминал и претставува голема пречка во развитокот и демократизацијата на општествата во транзицискиот и послетранзицискиот период. Кога станува збор за овие девијантни стремежи се мисли пред сѐ на нетранспарентноста при приватизацијата, стекнување големи имоти, трошењето пари ва за дејствувањето на политичките партии, кои своето дејствување го финансираат на начин што во основа претставува злоупотреба на политичката позиција за партиски и сопствени цели. Тоа е оној видлив дел, но не е сѐ.“
„Партизацијата на јавниот сектор, која во текот на целиот транзициски период е очевиден перфиден пример на корупција и на многу нивоа основа на организираниот криминал. Јавна тајна е дека во јавниот сектор не се влегува без партиска книшка. Партиските војници што не сакале да добијат функција се ангажираат со договор за дело и месечно заработуваат како да имаат две министерски плати. Тоа стана дел од системот.“ – нагласува Аљоша Симјановски во својата колумна, покрај другото.
Интернет-врска до целата колумна:
Home Македонија Симјановски: „Партизацијата е појдовна основа на организираниот криминал и извор на прикриена...





