Симовски: На почетокот имавме проблеми, но три дена со пописот е се во ред

На самиот почеток имавме мали технички застои кои се надминати и веќе три дена по ред, без никакви проблеми, попишувањето се спроведува и интензитетот е задоволувачки“, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.



Од ДЗС синоќа информираа дека за 9 дена биле попишани над 500.000 лица во Македонија.

„Очекувам дека и наредниот период нема да имаме вакви случаи“, вели Симовски според кој доколку се случи нешто непредвидено има дежурни тимови кои веднаш би интервенирале“

Според него мал е бројот на лица кои одбиваат да се попишат: „Бројот на одбивање е исклучително мал, немам точка бројка, очекувам денес да добијам за деновите досега. Меѓутоа, таму каде што има првично одбивање одиме повторно и разговараме со тие лица, оди нашиот државниот инструктор, оди член на пописната комисија и досега најчестата пракса е тие луѓе да се убедат и да се попишат“.