
Нестабилна облачна маса од територијата на Косово се помести над северните делови од Скопската Котлина и го зафати и градското подрачје.
Невремето беше проследенo со силен ветер, електрични празнења, пороен дожд и појава на град. Правецот на движење беше кон југоисток и исток.
Невремето беше краткотрајно, но исклучително силно.
Како што најавуваат, во северните, централните и источните делови и во наредните часови ќе биде нестабилно со услови за локална појава на невреме со силен ветер, пороен дожд, електрични празнења и град. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.





