Од Центарот за управување со кризи известуваат дека невреме го зафати и источниот дел од Македонија откако утрово силен пороен дожд направи штети во Охрид.
– Регионалниот ЦУК Штип известува дека од понарникарите на ТППЕ Берово има известување дека Општина Берово е зафатена со пороен дожд и град. Патниот правец Берово-Виница е во прекин кај с.Смојмирово бидејки е надојдено многу вода од Колачински поток. Исто така, ЦУК известува дека има информација дека Смојмирска река е многу надојдена и има штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти. Се уште нема конкретно колкава штета има, бидејки невремето се уште не стивнало во моментот на информирање, велат од ЦУК.
Освен во Берово, невреме има и во струмичкиот регион.
Погледнете повеќе во видеото:








