„Aко е враќање на ‘животот’ да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде – бидејќи тие се најработноспособните, тие се во најплодната восраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија – тогаш голем проблем има со животот во Македонија“, изјави претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова на средба со граѓаните во Пехчево.



Силјановска смета дека лошите услови за живот и образование се главни причини за иселувањето на младите. Ова меѓудругото го изјавила

„Сите зборуваат како да се спречиме егзодусот на младите каде што нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде. Податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лошите услови или лошиот живот“.