Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот и затоа не смее да има човек кој нема да реагира на она што ни се случува.
„И дознавме дека нема нешто со што трговецот не е спремен да се пазари. Замислете и на малата Грета и на тетко и ѝ вети дека нема да има ни аеродром. Спремен беше и со господинот Вартоломеј да се пазари. Мене ми дава надеж зборовите што ги употреби Папата Франциск, кој што од посетата на Македонија извлече нешто по Матеј ‘Не бој се стадо мало’, ние сме тие заборавени, но секогаш се раѓало нешто големо. ВМРО не е само партија ВМРО е македонскиот код, го разбудија македонскиот код кај сите овде и по светот. Се чудат зошто една либерална жена како мене е со ВМРО, затоа што само голема партија може да ги собере сите помали партии и сите луѓе во македонското национално единство“ – рече Гордана Силјановска Давкова.
Запомнете на крајот, порача Силлјановска, ни економија, ни образование, ни социјална заштита, ни култура, нема, ако нема костур наречен владеење на правото.
„ Ние знаме како да го направиме тоа, затоа што правото и правдата е на наша страна, а неморалот и заборавањето на етиката се со нив. Затоа се во паника. Бидете убедени дека на 15 јули ќе започне нова ера јас ја викам 4 македонска република во која сите граѓани како индивидуи ќе бидат рамноправни. Македонија е мултикултурно општество, но Македонија мора да биде пристојна европска граѓанска држава“, повика Силјановска Давкова. (Плусинфо)





