„ ЗАБОРАВ“ пак му се случи на премиерот! Дал заради натежнатите „дури“ 46 години старост или заради националната ЛОБОТОМИЈА, ил , заради обесените слики на НАЈСЛАВНИТЕ стружани на молитвената средба во Софија „ја заборави“ 160 годишнината од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци во Загреб?
ТЕГОБЕН (НЕ)НАЦИОНАЛЕН Молк.
Се превртуваат браќата преродбеници в гроб, вознемирен е и Јосип Штросмаер, а НИЕ, последните МАКЕДОНЦИ сме како ЖИВИ МРТОВЦИ кои не знааат кои се, каде се, каде одат, небаре ослепените Самоилови војници на враќање кон дома.
И НИВНАТА сакана СТРУГА, сега е друга, онаа на феудалецот МЕРКО.
Т’гата за југ не потресува, откако „волшебникот“ Заев , од Југот направи Север, па веќе четири години sемнеме од студ, дури и на температура од 40 степени!
ВЕЧНИ ДА СТЕ, Димитар и Костанстантине, гордост на Султана и Ристе, МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБЕНИЧКА ИНСПИРАЦИЈА!
НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЕТИ ВИ ИДАТ НА ПОКЛОНЕНИЕ на најголемата светска поетска манифестација, ама СЕВЕРНИВЕ ве заборавија и од Македонија направија земја – ИСТОЧНО ОД РАЈОТ!
Проф. Гордана Силјановска Давкова, пратеник во Собранието на Република Македонија






