Во расправа која пратеничката проф. Гордана Силјановска Давкова е ,,Парламентарна мимикрија” таа го анализира Извештајот на народниот правобранител за 2021 година кој доцни цели 15 месеци во Собранието.
,,Расправата е пост-фестум, 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ година сме, а расправаме за извештај за 2️⃣0️⃣2️⃣1️⃣ година.
Не може кога се работи за извештаи и за парламент да важи “Repetito est mater parliamentorum”, тоа воопшто не смее овде да се применува” смета професорката која потсетува дека и децата се нашата иднина, ама децата се заборавени во сегашноста.
Силјановска го анализира и првиот вицепремер Артан Груби кој воопшто не се појавил во собранието.
,,На Комисијата за политички систем, ама и денеска овде треба да седи оној министер без работа, некогаш навивач – денеска фудбалер.
Извештајот е слика на администрацијата, државна и јавна, и јас морам да кажам од она што го читам овде сликава би ја окарактеризирала како мртва природа”, вели меѓу другото Силјановска.
Целото обраќање во видеото






