Силјановска за 18 јуни: Каква ноќ, застана рамо до рамо со 8 Септември

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова го споредува вчерашниот антивладин протест со денот на државноста 8ми Септември.



,,Каква ноќ, онародена, обнародена, занародена, сонародена, Или како што би рекол Линколн: од народот, за народот, со народот. 18- ти јуни, 2022 стана небришлив дел од мојата меморија и се истетовира во моето срце, а верувам и чувстувам дека се вгнезди и во меморијата и срцата на сите присутни на сенародниот собир против ненародната и антинародна власт. Застана рамо до рамо со 8- ми септември!”, порачува професорката по големиот антивладин народен собир на Илинденска.