„Знам што најмногу го тишти Тетово. Јас не сум националист, човек кој се родил во турска куќа, кој пораснал со побратими не може да е националист.
Меѓутоа морам да укажам дека јазикот е најважниот код за комуникација. Особено во мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество.
Не можме да се разбираме преку преведувачи“, рече на средбата со граѓаните на Тетово кандидатката зџа претседател, Гордана Силјановска.
„ Коневски велеше дека јазикот е татковина, меѓутоа ние знаеме колку пати кога сме биле изгубени во преводот, не сме знаеле што навистина било предмет на разговорот.
Немам ништо против проширување на јазичните права но само доколку е тоа во рамките на Уставот и законите.
Во овој закон има решенија кои се далеку и од она што е во рамковсниот договор. Тој е само политички пазар во функција на спроведување на преспанскиот договор, односно промена на уставот, а не е насоченонавистина кон создавање на држава на еднакви можности, односно држава во која сите ќе може да комуницираат и да ги употребуваат своите јазици, рече Силјановска.





