Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова вечерва ќе се обрати на митинг во Ресен на кој се очекува да пренесе и дел од пораките што ги пренесе на денешната средба со граќаните на Струга.
„Денеска страшно се разочарав, замислите 75 години по АСНОМ денеска не ја чувме химната. Зошто? Имало проблеми со авионот, задоцнил. Да потсетам сета македонска приказна е во химната, во борбата за правдините, ама денеска премиерот всушност го прекрши законот за грбот, знамето и химната. Закон што се носи со двотретинско мнозинство, закон во кој што се вели дека било каква официјална средба уште на аеродромот и пред Владата и пред било кој орган мора да се емитуваат, да се чујат химните на двете држави. Не ми се верува“, рече Силјановска.
Таа потсети дека кога пред неколку месеци се коваше, кога се носеше Преспанскиот договор предупредила дека следното што ќе биде на удар ќе биде химната.
„А ве потсетувам на химна се плаче, пред химна се стои простум, со химна се победува, со химна се радува.
Не, ние ја немавме денеска таа можност барем преку химната да покажеме дека сме нормална, рамноправна држава, оти држава без химна нема важен симбол. Химната е Македонија, Македонија е химната! Но, не за нив. Но, да за нас!- рече Силјановска.





