Во пресрет на наделните избори, кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, денеска ќе има средби со гаѓани во Кичево, Струга и Охрид.
Нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски во текот на денот најпрво ќе биде во Штип, а потоа во Струмица.
За време на Велигденските празници и двајцата кандидати имаа само средби со граѓани и посета на повеќе верски објекти.
Кампањата ќе трае до петок во 24:00 часот кога почнува предизборниот молк




