По потврдата од Централниот комитетот на ВМРО ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вечерва официјално ги објави имињата на кандидатите за пратеници за претстојните изборите на 12-ти април.
Носител во првата изборна единица ќе биде универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова,
Втората изборна единица ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски,
Во тројката истата ја предводи ген-секот Игор Јанушев.
Во четворта ИЕ носител на листата е потпретседателот Александар Николоски,
Оперскиот пејач Игор Дурловски ќе ја предводи листата во 5 ИЕ и
Дафина Стојановска ќе биде прва на листата во „шестката“.
Мицкоски ќе биде само кандидат за мандатар…
(Нетпрес)






