Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова вечерва им се обрати на граѓаните на Неготино.



„Според меѓународното право и според нормите на УНЕСКО, сè што е на ваша територија е ваше. Сè што е наша територија е наше“, порача таа.

„Ние не само што сме должни да го чуваме тоа, туку и УНЕСКО ни вели дека треба да се грижиме за културното богатство и наследство. Како може кога газите по Хераклеа или по античкиот театар или по Стоби да не верувате дека тоа е дел од вашата историја?

Никој никогаш кога настанувале државите и нациите во 19 век, не се закитил не го одбрал името Македонија и Македонци. Знаел дека е зафатено, зошто ние сме потомците на тие луѓе“, рече Силјановска Давкова.